Стихи на македонском

Рахим Карим
Како можеш

Како можеш да се смееш на светот кој е во војна?
Каkо можеш да се радуваш на светот кој е во војна?
Како некој може да биде среќен кога во светот е војна?
Како може мирно да се дише во светот кој е во војна?

Како можеш рамнодушно да пееш во светот во кој е војна?
Како можеш да танцуваш во светот во кој е војна?
Како може да се ужива во љубовта во светот во кој е војна?
Како да не, се плашиме на раѓање на децата во светот во кој има војна?

Како можеш безбедно да јадеш во светот во кој има војна?
Како можеш да спиеш мирно во светот кој е во војна?
Како можеш да живееш мирно во светот во кој е војна?
Како можеш мирно да умреш во светот во кој е војна?

Да подржиме едни други

Да подржиме едни други со топли зборови
Да подржиме едни други со љубезни погледи
Да подржиме едни други со чисто срце
Да подржиме едни други со секој здив

Да се грижиме еден за друг со чест и верба
Да подржиме едни други без лаги и обмани
Тоа е единствениот начин да го спасиме нашиот свет
Ова е единствен начин со кој ќе го спасиме Човечанството...

Перевод с боснийского Eta Mersimi